Вечерва на Петроварадинската тврдина во Нови Сад започнува најпопуларниот музички фестивал на овие простори – “Exit”. Како главна ѕвезда вечерва ќе настапи англиската пејачка Лили Ален, која својот концерт ќе го одржи на главната сцена, пред околу 50.000 луѓе.


На десеттиот по ред “Exit” ќе настапат преку 500 изведувачи за 4 дена на 22 сцени. Меѓу најпознатите имиња се наоѓаат “Mobby, Krafwerk, Prodigy, Patty Smith, Mednes” и други. Исто така ќе има многу познати имиња од поранешните југословенски простори.

“Exit” ќе се затвори во недела на 12 јули.