Денеска со почеток во 20 часот во Центарот за култура “Григор Прличев” ќе се оддржи четвртиот Интернационален Фестивал на филмови снимени со мобилен телефон „Мобил Фестивал“.

Фестивалот ќе има два дела, натпреварувачки и ревијален дел, а во рамки на фестивалот ќе бидат прикажани филмови од целиот свет, при што ќе бидат доделени и три награди. Мобил Фестивалот како и во текот на изминатите години, ќе ги посети и другите градови во Македонија.

Фестивалот е во организација на КТ Филм и Медиа продукција од Скопје, а со поддршка од Филмски Фонд на Македонија. Генерални партнери на фестивалот се Т- Mobile и Т-Home.

OhridNews