Од Министерството за култура информираат дека до крајот на оваа недела или почетокот на наредната, ќе биде објавен конкурс за избор на директор на оваа реномирана манифестација.

Во јавноста веќе започнаа шпекулациите за тоа кој ќе ја превземе оваа функција и се спомнуваат неколку имиња кои и се познати на охридската јавност. 

Актуелниот вршител на должноста директор на фестивалот Васил Зороски заминува  во пензија. Екс директорот Тони Симоноски, кој ја извршуваше оваа функција 4 години, беше сменет непосредно пред почетокот на 50- то издание на фестивалот. 

Ohridnews