Во организација на продуцентската кука “Трето Уво” денес и утре на Античкиот Театар ќе се одржи деветтото издание на традиционалниот музички фестивал “ Balkan music square“.

Првата фестивалска вечер ќе ја отвори групата “Кабарет Балкан” од Грција, која е  една од водечките претставници на балканскиот звук.

Веднаш по нив, свој целовечерен концерт ќе одржи најголемата македонска машка поп ѕвезда – Ламбе Алабаковски, придружуван од бендот на Тоше Проески.

Утревечер ќе настапи блех оркестарот на Аце Јанусхев – Весела Дружина од Скопје, а веднаш по нив целовечерен настап ќе има големата српска певица Билја Крстиќ со својот оркестар Бистрик.

И оваа година влезот е бесплатен.

Ohridnews