Со големо дефиле на учесниците и целовечерен концерт на националниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“, на сцената на Долни Сарај, вечерва започнува 48-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.

Фестивалот за отворен се очекува да го прогласи Трајко Велјановски – претседател на Собранието на Република Македонија, кое е покровител на манифестацијата.

Годинава љубителите на фолклорот во текот на шесте фестивалски дена ќе имаат можност да ги проследат настапите на вкупно единаесет ансамбли од Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија, Турската Република Северен Кипар, Грција, Косово и од Нигерија. Сите концерти е предвидено да се одржат на сцената на Долни Сарај, а доколку временските услови не го дозволуваат тоа, алтернатива ќе биде Центарот за култура. Влезот за сите концерти ќе биде бесплатен.

Во рамките на фестивалот ќе се одржи и тематска изложба “Староградска македонска архитектура“ на авторот Марјан Ризовски.

Ohridnews