Четириесет и првиот Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура денеска свечено ќе биде отворен  во Конгресен центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид.

На семинарот кој ќе трае до 28 август учество ќе земат слависти од 21 земја. Најмногубројни се славистите од словенските земји, а заинтересираност традиционално има и кај  македонистите од САД, Канада и од западноевропските земји. Меѓу учесниците ќе бидат и академиците Влоѓимјеж Пјанка и Иван Доровски, професорите Волф Ошлис, Маќеј Кавка, Ирена Ставови-Кавка, преведувачката Олга Пањкина од Москва.

Покрај предавањата и  часовите за лекторски вежби, и годинава во рамки на семинарот ќе има преведувачка работилница, предавања на истакнати македонски академици и автори. На  25 и 26 август ќе се одржи и 35. Научна конференција.

Семинарот ќе ја објави и  збирката на македонистички трудови на починатиот академик Франтишек Вацлав Мареш, кој минатата година од претседателот на државата посмртно беше одликуван со Медал за заслуги за Република Македонија, заедно со уште пет слависти.

ohridnews