Во Метрополис Арена во Скопје, денеска, официјално ќе се отвори 27-миот по ред Саем на книгата, една од најзначајните културни манифестации во земјата.

На отворањето ќе присуствуваат министерката за култура на Република Македонија Елизабета Канческа-Милевска, лисателот и професор Венко Андоновски, како и Горјан Лазаревски, претседател на издавачи и книжари на Република Македонија.

На саемот на книгата ќе се претстават повеќе од 70 издавачи од Македонија, регионот и Европа.

OhridNews