Битката со целулитот е секојдневие на современите жени, а проблемот со “кората од портокал“ во некој момент го има секоја жена. Причините се долгото седење, нездравата исхрана, пушење, недостаток на физички активности…Меѓутоа, целулитот не настанува преку ноќ, туку се развива полека и во фази.

Првата фаза е онаа кога е видлив само кога со прстите ја притискате кожата.

Во другата фаза, после притискањето, остануваат траги, нерамнините се јасно видливи,но сеуште нема болка. Третиот стадиум се карактеризира со болка на допир, а кожата изгледа како кора од портокал, додека во четвртата се појавуваат многу видливи и болни нерамнини.

За да ја одложите појавата на целулит или да го ублажите, јасно е дека мора да водите сметка за исхраната и да вежбате.

Тука се и многубројните креми кои може да помогнат во борбата со овој естетски проблем, но важно е да се истакне дека нема да има целосен ефект доколку не ги користите  редовно и не го промените начинот на исхрана и живот.Повеќето препарати е потребно да се користат наутро и навечер, за ефектот да биде максимален.

За разлика од “обичните“ креми, производите против целулит не е доволно да се намачкаат и да се остават да се впијат, туку е важно да се масираат на критичните подрачја, како што се бутовите и колковите. Можете тоа да го направите со врвовите од прстите или со масажер, со кружни движења одоздола нагоре, се додека кремата целосно не се впие.

Но, често не е доволно ни тоа, особено ако се работи за тврдокорни, долгогодишни наслаги. Во тој случај, пред да ја ставите кремата, направете пилинг против целулит кој ќе ја припреми кожата и ќе го зголеми ефектот на препаратот.

извор:zenstvena.com