Mладите охриѓани на возраст од 7 до 17 години кои имаат желба и талент да се занимаваат со театар, ќе имаат можност да бидат дел од Детското драмско студио кое од 1-ви март 2015 година ќе работи во рамки на охридскиот Народен театар.
Уписите се веќе започнати, а сите заинтересирани деца ќе можат да се пријават секој работен ден во просториите на Центарот за култура ,,Григор Прличев” во Охрид.
Oд управата на театарот објаснуваат дека за работа со членовите од драмското студио ќе бидат ангажирани професионални театарски работници, кои се дел од тимот на оваа културна установа.
OhridNews