Петмина комунални редари официјално започнаа со работа вчера. Тие ќе добијата посебни униформи (пропишани од  надлежното министерство), капи, маици и легитимации.

Петте комунални редари во Охрид ќе водат грижа за одржување на комуналниот ред во централното градско подрачје – двајца, за стариот дел на градот – еден, како и по еден за ривиерата кон Пештани и периферијата на градот. Тие посебно ке водат грижа за да не се нарушува јавната чистота на јавните површини, но и да не се вршат од страна на граганите прекршоци на Законот од типот на вршење на разни дејности на јавни површини како што се тротоарите, дворните места пред зградите, паркинзите, улиците….

Казните кои ке ги изрекуваат комуналните редари за прекршителите се високи, а оние што не ги плаќаат за казна ке вршат јавно корисна работа одреден број денови во комуналните претпријатија, соопшти локалната самоуправа.

Општина Охрид е една од првите во републиката која ангажира комунални редари за доследно спроведување на законот за јавна чистота.

Ohridnews