Успешни студии на постдипломците им посака деканот на факултетот, проф. д-р Софронија Миладиноски, кој им се заблагодари на студентите за укажаната повторна доверба. Постдипломците ги поздравија и продеканите проф. д-р Сашо Коруноски и проф. д-р Јован Стојаноски, а свое обраќање имаа и раководителите на насоките на постдипломските студии: проф. д-р Миладин Крстаноски (царина и шпедиција), проф. д-р Науме Мариноски (туризам) и доц. д-р Цветко Андреески (осигурување).
Започнаа постдипломските студии на ФТУ – Охрид
На свечениот час беше презентирана програмата за постдипломците кои ќе студираат по новиот модел 3+2, како и таа за студентите што завршиле четиригодишни студии, а сега продолжуваат со магистерските студии. Уписите за постдипломски студии на ФТУ-Охрид сеуште траат, а заинтересираните сите потребни информации можат да ги добијат во факултетот.