Господине  премиер, министри, екселенции дозволете ми како претседавач на ЕАПС  да ви пожелам топло добредојде. Благодарност до нашиот домаќин, кој  направи огромни напори да го организира овој форум . Организацијата е без грешка и би сакал да ви се заблагодарам и на сите луѓе што учествуваа во тоа.

Со овие зборови генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер го отвори работниот дел од Безбедносниот форум на ЕАПС, Што запо;на утрово.

Во клучни моменти се потпревте на НАТО, за стабилизирање на земјата. Скоро шест години поминаа од рамковниот договор и тој и натаму ја исполнува улогата за динамичен успешен мултиетнички демократски развој. Фактот што сте едни од трите кандидати за членство во НАТО покажува колку земјата  напреднала, истакна Шефер.

Пред десет години ЕАПС  беше формиран во Португалија како флексибилен механизам кој требаше да се развие преку пракса. Се развиваше преку дијалог и покажа успех. В

Балканот е составен дел од Европа и нашата цел треба да биде сите балкански земји да станат членски на НАТО и ЕУ. Тоа е единствениот остварлив пат за нив но тие се на различни фази во подготовките и преземање на одговорностите. Во интерес на сите е Балканот и понатаму да работи на својата транзиција и од разурнат регион кој бара помош се повеќе да прерасне како регион стабилен кој придионесува за безбедноста. Од увозник да стане извозник на безбедност. Како за Албанија Хрватска и нашата земја домаќин  (избегнува да го каже името), вратите на НМАТО се отворени за оние земји кои ги исполнуваат стандардите кои можат да придонесат, рече Шефер.

Во врска со косовското прашање тој рече дека има  правична основа за резолуција на Советот за безбедност за Косово а тоа е планот на Ахтисари. Важно во овој момент е сите да бидеме смирени и да покажеме воздржаност И да не се одлага многу долго решението. Да не се одлага непотребно.

Шефер во своето излагање рече дека НАТО и коалициските партнери  во Авганистан  се соочуваат со сериозни борбени активности. Треба да се спротивставиме на оние што сакаат да ги прекинат нашите напори за реконструкција на земјата, рече Ќефер. Тој изрази шалење за цивилните жртви во Авганистан бидејчи како што рече и една цивилна жртва е премногу. Тој додаде дека НАТО силите во иднина ќе чинат поголеми напори да избегнат што е можно повеќе цивилни жртви, но треба да се има во предвид дека нивната задача таму е сериозна и тешка бидејќи тие се помеѓу две завојувани страни.

Со огромно задоволство ви пожелувам добредојде во културната престолнина на Македонија им се обрати на учесниците премиерот Груевски.

Владата со нетрпение го чекаше денешниот настан кој ја симболизира нашата заедничка соработка со НАТО.  Таквата верба и соработка за евроатланските вредности им се многу блиски на граѓаните на Македонија. Анкетите покажуваат дека  дури 92 проценти од граѓаните го поддржуваат членство во алијансата , а пратениците во македопнскиот парламент едногласно го поддржаа зачленувањето во НАТО, рече Груевски.

Мирот, безбедноста И развојот се поврзани. Закани за сите нас во денешното време се тероризмот, организираниот криминал и корупција, Трансатланските организации се од суштинско значење во борбата со мирот И  придонесуваат за глобалбната безбедност. Она што сите нас не спојува е нашата свесност за унапредување на соработката за справувањето со предизвиците за стабилност и превенција од идни кризи. Во моментот стоиме исправени пред предизвикот како да ги унапредиме тие напори и да соработуваме овде на Балканот, додаде Груевски.
 
Бројни задачи остануваат пред нас, за што е потребна соработка. Во наредните месеци се очекуваат значајни одлуки.

Политичкатра одлука за Косво мора да ги елиминира заканите за безбедноста во регионот. Со прием во НАТО  на Македонија Албанија и Хрватска  во Букурешт, им се дава позитривна порака и на другите земји во регионот, истакна Груевски.

Разбираме дека поканата е плод на напорна работа Само десет месеци остануваат до самитот во Букурешт И уверен сум дека ќе ја добиеме, рече Груевски.

Нато форумот продолжува со работа во три панел дискусии посветени на Косово, Авганистан и енергетиката.

Г. Момироски