Започнаа градежни активности за изградба на детско игралиште во Косел, информира на Фејсбук профилот градоначалникот Кирил Пецаков.

Во моментов се работи на партерно уредување, по што ќе следува поставување на соодветни детски реквизити, стои во објавата.

Средствата за изградба на игралиштето се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

OhridNews