Во Велес  свечено започна академската година на дисперзираните студии на Факултетите за туризам и организациони науки од Охрид .

Факултетот годинава ќе ја изведува наставата во нова зграда на поранешното ОУ „Ј.К. Џинот“, кое летово беше целосно реновирано.

На свеченоста бруцошите ги поздрави деканот на ФТОН-Охрид, професор д-р Софроние Миладиноски.
 
Во прва година на дисперзираните студии на Факултетот за туризам и организациони науки се запишаа 200 студенти на државната и квотата за кофинансирање во насоките за осигурување, туризам, гастрономија и хотелско-ресторанска насока.

Г. Момироски