Со низа свечености што се одржуваат денеска, започна чествувањето по повод 8 Декември, Св. Климент Охридски, патронот и заштитник на Охрид.
По тој повод во ОУ “Григор Прличев“ денеска на пладне во употреба свечено беа пуштени новите простории за продолжен дневен престој на ученици од I-IX одделение и спортската сала.
Чествувањата ќе продолжат со свечената приредба на ОУ “Св. Климент Охридски“ на која ќе бидат врашени наградите за најдобрите ученички творби на литературно-ликовниот конкурс распишан по повод 8 Декември. Во 17 часот во Центарот за култура постхумно ќе биде промовирана книгата “Мила Македонијо“ на неодамна починатиот Милан Прангоски.
Во 18ч. во хотелот Чинго ќе биде промовиран Првиот локален електронски весник во Македонија www.ohridnews.com, а во истовреме во Центарот за култура ќе се одржи промовија на книгите “Светот на надарените таленти и деца“ и “Патот на талентите“ од Љупчо Кевероски.
Чествувањата ќе биде заокружени со илуминација на гимназијата “Св. Климент Охридски“ и свечената програма по повод патрониот празник на училиштето што ќе започне во 20ч.
Свеченостите по повод 8 Декември продолжваат утре кога ќе биде одржана и свечената Академија на која ќе бидат доделени наградите на добитниците на највисокото општинско признание наградата Св. Климент Охридски.