Охрид e домаќин на Првото Балканското полициско првенство во борење во Грчко-римски стил, во чии рамки деновиве се одржa и првата Балканска конференција за спорт и едукација на полициите.

На првенството учествуваат околу 100 борачи од 8 земји, ни изјави Страшо Глигоров-претседател на Македонската полициска спортска федерација и претседател на Балканскиот полициски спортски сојуз.


од денешните борби

Меѓу  учесниците има и борачи од врвен калибар како што е Серафим Брзаков, носител на сребрен медал од олимписките игри во Сиднеј  и двократен светски првак.