Деновиве кај музејскиот комплекс Робевци започна реализацијата на проектот за изградба на потпорен ѕид.

Како што објаснува директорката на Завод и музеј- Охрид, Тања Паскали- Бунташеска, станува збор за проект изработен во 2009 година, во вредност од 15 милиони денари, кој опфаќа израдба на нов потпорен ѕид од камен со цел да се заштити просторот од  евентуални одрони. Се очекува градежните работи да завршат во текот на првите три месеци од 2016 година.

Во 2010 година кај Лапидариумот, што се наоѓа во рамки на музејскиот комплекс Робевци, дојде до одронување на делови од оштетена карпа што се наоѓа над објектот. За среќа не беше направена поголема штета. Од страна на надлежните тогаш беше кажано дека одронот е последица на неповолните веременски услови, како и   неконтролираната градба на објекти во непосредна близина на музејскиот комплекс.

Т.К.