Со брилјантната изведба на претставатс „Деспина ќе ја грабаме…никој да не знае“, театарската актерска група на младите од охридскиот Црвен крст, вечеравечер го отвори Аматерски младински театарски фестивал „Вдиши Театар“, кој по втор пат се одржува во Охрид.

Просторот во предворјето на црквата Св.Софија беше исполнет до последното место, а посетителите со воодушевување и аплаузи ги наградуваа комичните моменти изведени од талентираните млади актери-аматери кои на оригинален начин, преку трубадурската песна ја доловија приказната за охридската убавица и нејзиното грабнување. Силната порака која ја испратија младите со оваа мултимедијална претстава беше дека љубовта ги надминува сите препреки и на крај победува.

Фестивалот продолжува вечерва на малата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“ со театарската претстава „БОИНГ-БОИНГ’ во изведба на театарската актерска група на младите на Црвен крст Битола. Претсавата за започнува во 20:30 часот, а влезот е слободен.

OhridNews