Воени авиони полетале и од Британија, а поддршка на воената акција најавија уште и Канада, Шпанија, Италија, Катар Грција, Белгија, САД и други.
Воената интервенција Меѓународната заедница ја правда со заштита на цивилите од режимот на Моамер Гадафи кој започна воена офанзива против бунтовниците кои бараат тој да замине од функцијата. Легитимитет на воената акција и дадоа Обединетите нации кои усвоија резолуција за Либија.