Во Центарот за јавно здравје од денес започнува имунизацијата против сезонски грип. Набавени се 2. 500 вакцини, а цената на една вакцина чини 400 денари.

Набавени се квалитетни вакцини и располагаме со доволни количини кои ќе ги задоволат потребите за извршување на имунизацијата. Вакцинацијата им се препорачува на старите лица, хронично болните, срцевите болесници, астматичарите, малите деца, но и луѓето кои се во постојан контакт со заболени или поголеми групи луѓе, велат од Центарот за јавно здравје.
 
Заинтересираните граѓани ќе може да се вакцинираат во Центарот за јавно здравје секој ден од 8 до 15 часот.

Со доаѓањето на есента започнува “сезоната на грип” кога милиони луѓе во светот се заразуваат со вирусот на грип. Според Светската здравствена организација, најдобрата заштита од грип е имунизација со сезонска вакцина против грип.

OhridNews