Во вакциналните пунктови низ државата од денеска почна да се аплицира вакцината на кинескиот производител „Синовак“, откако ги помина сите потребни законски процедури. Вакцинацијата со „Синовак“ се одвива скоро во цела држава, освен во Скопје и Битола, каде имунизацијата со оваа вакцина ќе започне од утре, соопшти Министерството за здравство.

 

Станува збор за класична вакцина каде е инјектиран ослабен вирус односно технологија за добивање вакцини која се користи децении и е многу позната, па оттука и разбирливо е што широката популација ја доживува како една од најбезбедните платформи за производство на вакцини. Во однос на возраста на којашто се дава, вакцината „Синовак“ нема ограничување во Кина и се аплицира и кај деца над тригодишна возраст. Оваа вакцина кај нас ќе се користи над 18 години и без ограничување на возраста кај возрасните лица. Вакцината „Синовак“ се препорачува и за доилки и трудници, информираат од МЗ.

OhridNews