Во Охрид по петти пат започна Училишниот спортски камп кој го организира Министерството за образование, Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на улиштен спорт.

– Со Училишниот камп сакаме да ги наградиме сите ученици кои беа успешни на спортски план во текот на целата година. Еве ова е веќе петта година како Охрид е домаќин и добро е што прераснува во традиција. Владата на Република Македонија се грижи за младината и спортстите организирајќи повеќе вакви кампој и градање на игралишта ширум земјата – потенцираше Марјан Спасески прв човек на Агенцијата за млади и спорт.

Ракометната легенда Пепи Манасков своето богато исксутво ќе го пренесува на учениците кои доаѓаат од основните и средните училишта.

– Верувам дека ова искуство тука ќе им помогне на дечињата во понатамошните нивни кариери. Овие кампови се злато вредни бидејќи покрај учењето на спортскиот занает тие ќе се дружат и ќе си отворат нови хоризонти – истакна Пепи Манасков.

Училишниот камп ќе биде во две смени. Во првата смена ќе бидат опфатени футсал, ракомет, борење, стрелаштво, џудо и шах додека во втората одбојка, кошарка, атлетика, пинг-понг и карате.

 

Мх.П.