“Среда повторно сјае со урбан шмек“ е мотото со кое започна третата сезона од најдобрите студентски журки во Охрид. Организаторите на овој настан – кафе и бар “Шила продолжуваат во остварување на нивната визија за враќање на градскиот сјај на охридскиот ноќен живот.
За супер-жешка атмосфера се погрижи еден од најбараните Хип Хоп и Р&Б диџеи во Македонија, DJ FACE. Со одличен музички перформанс од квалитетна музика дополнително миксана и “скречована“ ја доведе публиката во “Шила“ до делириум.
Во соработка со Jagermeister, главен покровител оваа сезона, беа доделени 20тина селфи стикови за најсреќните гости. Најдоброто “селфи“ треба да го испратите на фан страната на “Шила“ и сте во игра за гратис шише Јегер за следната студентска.
“Наредна среда продолжуваме со одлична забава со добро познатите промотивни цени, а и овој пат поради ограничениот капацитет и големиот интерес пожелно е резервациите да се направат час поскоро.“ – порачуваат од “Шила“.
Ohridnews