Со првите натпревари од А, Б, Ц и Д групите започна Светското првенство во ракомет за жени до 18 години кое се одржува нашата земја од 20 јули до 3 август.
Покрај Охрид домаќини на светскиот шампионат се Струмица и Скопје каде се натпреварува само една група.
По завршување на мечевите од групната фаза сите збиднување ќе се преселат во Охрид каде ќе се одигра и финалниот натпревар закажан на трети следниот месец.
Македонската селекција се наоѓа во групата Ц која мечевите ги игра во Струмица заедно со Данска, Узбекистан, Романија, Германија, Аргентина.
Мх.П.