Со натпреварот помеѓу екипите на Иранскиот Сепахан и Витакер јунајтед од Нов Зеланд во Јапонија , започна клупското светско првенство во организација на ФИФА. Натпреварите ќе се играат во следните десет дена во Токио и Јокохама.
Според очекувањата Сепахан забележа победа над Витакер Јунајтед со 3-1. Домашниот тим, Урава Ред Дајмонс во понеделник во четвртфиналето ќе игра со денешниот победник Сепахан. Покрај овие две екипи на клупското светско првенство уште ќе настапат: Египетскио Етоал Сахел, Мексиканската Пачука, Бока Јуниорс од Аргентина и Европскиот шампион Милан.
Финалниот натпревар ќе се одигра на 16-ти декември, а победникот ќе заработи 5 милиони евра. Поразениот тим во финалето ќе заработи еден милион евра помалку.
Ненад Цветанов