Започна средбата во Брисел меѓу еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори, Јоханес Хан и лидерите на четирите најголеми политички партии во Македонија, Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ), Зоран Заев (СДСМ), Мендух Тачи (ДПА) и Али Ахмети (ДУИ).
Хан изрази надеж дека ова ќе биде добар ден за иднината на земјата, и дека е важен ден за лидерите на земјата да ја решат политичката криза на одржлив начин и да ја искористат шансата за да се оди напред.
Лидерите на четирите најголеми политички партии со посредство на Хан денес во Брисел ќе се обидат да постигнат договор со кој би се решила политичката криза во Македонија.
По минатонеделниот состанок на Хан со лидерите на политичките партии во Скопје, беше договорено организирање на предвремени парламентарни избори до април следната година, а во меѓувреме треба да се поправи Изборниот законик, да се направат реформи во судството, засилено владеење на правото и слободата на медиумите.
OhridNews