Денес официјално започнa со работа ребрендираниот продажен салон на ОNЕ во Охрид, кој претставува соединување на двете поранешни продавници на компанијата во нашиот град.


– Салонот со топла атмосфера,исклучително технички опремен  и со  најдобар сервис за корисниците ја претставува генералната ориентација на нашата компанија да биде синоним  за комуникација и забава,секаде заедно со нашите корисници. Како и досега, членката на Телеком Словеније ,ОНЕ АД има намера ова да го постигне со почит и транспарентност за корисниците ,збогатена со креативноста и посветеноста кон најдоброто на нашите вработени. – велат од ONE.


Салонот отсега покрај продажбата на телекомуникациски услуги и мобилни телефони ,нуди и продажба на широк асортиман на акцесоари за мобилни телефони, дигитални фото камери, скенери, лап топи, видео игри и останата техничка роба наменета  за комуникација и забава. Во салонот исто така можат да се добијат и информации за БООМ ТВ и да се склучат договори за користење науслугите на ONE.

OhridNews