Завршени во целост градежните зафати во Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески ” – Охрид со што истиот и официјално започна со работа.

Во обновениот објект поставена е енергетски ефикасна фасада 4980 м2, нова електрична, громобранска, водоводна, одводна и атмосферска инсталација, 296 нови врати, прозори, портали, соларен систем со 24 панели кој обезбедува 4000 литри топла вода, нов противпожарен систем, а реновирани се и 40 соби и тоалети во ученичкиот дом и уредена е нова читална.

Исто така, извршени се промена на азбестниот кров со нов лимен 2300м2, промена на подови 1720 м2, обработени и молерисани ѕидови – 5500 м2, и поставување на озвучување на училиштето и ученичкиот дом.  Дворот во училиштето е партерно уреден, а поставено е и осветлување.

За краток рок пристигнува нов мебел (клупи, столици, табли, шкафови) и угостителска опрема за кабинетите по практична настава, информираат од училиштето.

За реновирањето на објектот кое започна во 2022 година беа обезбедени 1.7 милиони евра од страна на Министерството за образование и наука.

OhridNews