Комисијата за унапредување на правата на пациентите започна да функционира.  Активностите ќе се одвиваат во просториите на Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта.

Комисијата се состои од девет члена и тоа претставници на пациентите – членови на здруженијата на пациенти, двајца претставници од невладините организации што се занимават со човековите права и граѓанските иницијативи, двајца лекари од општината и тројца членови делегирани од Советот на општината. Комисијата, која е формирана за подрачјето на општина Охрид, се грижи за унапредување на правата на пациентите и нивната заштита, ја следи и проценува состојбата со заштитата на правата на пациентите, предлага мерки за подобрување на заштитата на правата на пациентите до надлежните органи, соработува со надлежните органи, разгледува поплаки од пациенти и предлага преземање на мерки до надлежните органи, бара стручна експертиза ако оцени дека е тоа неопходно за утврдување на состојбата, води евиденција за поединечни поплаки на пациентите, како и на мерките преземени за заштита на правата на пациентите пред советот на општината и издава информации, промотивен и друг материјал со цел – унапредување на правата на пациентите.

Комисијата ќе работи секој четврток од 10 до 12 часот.

OhridNews