Градскиот пливачки базен „Атина Бојаџи“ од викендов што измина официјално започна со работа и ќе биде отворен за сите заинтересирани пливачки школи и рекреативци .
Отворениот градски пливачки базен ќе работи секој ден од 08 : 30 до 20 часот, така што во работните денови од понеделник до петок, пливачките школи ќе имаат резервирани термини предпладне од 08 : 30 до 12 и попладне од 17 : 30 до 19 : 30 часот, додека терминот за рекреативците ќе биде од 12 до 18 часот.
За време на викендите градскиот базен ќе биде целодневно отворен за рекреативците. Еден целодневен билет за користење на услугите на градскиот базен изнесува 60 денари.
Ohridnews