Со одигрување на контролни натпревари за избор на децата започна со работа фудбалска и ракометната академија во Охрид која ги опфаќа и градовите Струга, Дебар и Кичево.

Дечињата покажаа нешто поголем интерес за фудбал и имаа доставено околу педесет пријави додека за ракомет имаа четириесет за машка и женска конкуренција.

– Ова е добра иницијатива на ФФМ и РФМ за поткренување на квалитетот во спортот воопшто. Учениците под врвни тренери за млади категории ќе имаат четири тренинзи во академијата, а само по еден во клубовите – рече координаторот за фудбал во академијата, Данчо Целески.

По сумирањето на резултатите на делегатите кои присустваа на натпреварите ќе бидат објавени учениците кои ќе бидат дел од академијата.

Мх.П.