Опра Винфри, која веќе 25 години е успешен водител на едно од најпознатите шоу програми во САД, од пред неколку дена има и свој телевизиски канал. „Опра Винфри Нетворк“ (OWN) ќе може да се гледа во 80 милиони американски домаќинства. Оваа пролет Опра ќе заврши со своето шоу, па новиот канал својот почеток го посветил на досегашните епизоди на шоуто со Опра Винфри.


Новиот канал ја презема концепцијата на таа програма, со тоа што се најавуваат разни нови емисии 24 часа на ден. Започнувањето со емитување на каналот било одлагано два пати, од 2008 година, а трошоците достигнале вредност од 189 милиони долари. Седиштето на новата телевизија е во Лос Анџелес, а се емитува на местото на каналот “Discovery Health”.