Иако актерската екипа се уште не е целосна, снимањето на филмот ’Star Wars: Episode VII’ започна деновиве,  потврдиле од студиото Disney, пренесува The Hollywood Reporter.

Првиот човек на компанијата Алан Хорн потврдил дека поголем дел од кастингот е завршен, но дека останале уште неколку празни места.

„Има уште празни места, но не завршивме до крај“, рекол тој.

Се претпоставува дека снимањето го отворила друга актерска екипа, а дека режисерот Џеј Џеј Абрамс подоцна во Велика Британија ќе ги собере новите лица и легендарното трио Харисон Форд, Кери Фишер и Марк Хамил.

Премиерата на најновото продолжение на ’Star Wars’ е планирана за 18 декември, 2015 година.

OhridNews

„Макфакс“