Вчера во Прага, Република Чешка започна снимањето на краткометражниот игран филм „Човекот и песот“ на охридскиот режисер Антонио Вељаноски.

Филмот кој е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија го работи „Стори Скоп Продукција“ од Охрид во соработка со Студио ФАМУ од Прага. Сцените од филмот ќе се реализира во студиото „Барандов“ како и на повеќе локации во Прага.

Главната улога ја толкува големиот чешки актер Јан Качер кој зад себе има богата филмографија како и добро познатата Марија Дурнова.

Продуценти на филмот се Елена Станишева и Зоран Вељаноски Летра, директор на фотографија е Владимир Димоски, Асистент на Режија Франческо Монтањер (добитник на Златен лав на филмскиот фестивал во Венеција), Автори на сценариото се Антонио Вељаноски и Алице Крајчирова, Арт директор е Катерина Јирманова, а за звукот задолжен е Матеј Хрудина.

Снимањето ќе трае една недела, а премиерата на филмот се очекува кон крајот на оваа година.

OhridNews