Со малата свеченост пред основното училиште „Братство Единство“ во Охрид, симболично беше обележан почетокот на новата школска година. Претставници од Локалната самоуправа и градоначалникот ги поздравија учениците и наставниците. Слично како и другите основни училишта во градот, и „Братство“ беше дел од потфатот за реновирање (фасада 2000м2 и дел од внатрешноста) со што учениците би добиле подобри услови за учење.


Градоначалникот Петрески најави и нови вложувања во школството следната година (30 милиони денари), не само во инфраструктура туку и во нагледни средства, училишни материјали итн.

С.К.