Автобуси од сите краишта на Македонија деновиве можат да се забележат во Охрид. Започна сезоната на екскурзии па така учениците се најбројни гости во дел од охридските хотели. Најчесто во Охрид престојуваат во еднодневни или дводневни аранжмани како дел од екскурзијата низ Македонија.
Екскурзијантите најчести гости во Охрид деновиве
Центарот на Охрид и стариот град е нивна најчеста дестинација за шетање. Дел од нив се шетаат со брод, но само во придружба на наставниците. Група екскурзијанти затекнавме во центарот на градот како се ценкаат за такси. Главен преговарач им беше наставникот.
колку таксито?
Екскурзиите вообичаено ја најавуваат главната туристичка сезона која започнува кон крајот на идниот месец.
ohridnews