Започна селекцијата на млади таленти за упис во Ракометната парелелка во спортската академија за следната учебна година.
Кандидатите за упис во прва година, ракометарите во машка и женска конкуренција во спортската сала во ОУ „Григор Прличев“ беа селектирани од стручна комисија составена од претставници од МОН, БРО, АМС и РФМ, предводена од поранешната македонска репрезентативка Наталија Малахова – Тодороска.
Последната селекција ќе биде на 29 април во Скопје, по која сите ученици кои ќе ја поминат првата фаза на селекција ќе бидат информирани за термините за следната фаза на селекција.
Претходно беа одржани селекциите за спортската паралелка по кошарка на 1.4.2015 во СРЦ „Билјанини Извори“, на 8.4.2015 на теренот со вештачка трева на СРЦ „Билјанини Извори“ за спортската паралелка по фудбал.
Со тоа се заокружи првата фаза на тестирање за селекциија во спортската академија за паралелките по фудбал, кошарка и ракомет во ОУТУ „Ванчо Питошески“ од која треба да произлезат идните репрезентативци.
Ohridnews