Вкупно 34 хорски ансамбли од 13 земји ќе бидат дел од седмиот „Охридски хорски фестивал“, кој започна вчера во Охрид.
Овој најголем меѓународен хорски собир во Македонија ќе трае до 25-ти август и ќе се одвива во 5 дела: Настапи на отворено во состав на отворањето на фестивалот, Ревии на духовна, фолклорна и поп музика и натпреварувачки концерти. Концертите ќе се одржуваат на две локации во црквата „Св. Софија“ и во „Дијаманската сала“ на хотелот „Инекс Горица“.
За оценување на хорскиот натпревар е ангажирано петчлено експретско жири во состав: Дарина Чакарова, Јасенка Остојиќ, Запро Запров, Марчин Томчак и Себастјан Врховник. Хоровите со најдобри оценки ќе се натпреваруваат на завршниот концерт за Гран-при – најдобар хор на фестивалот.
Во состав на фестивалот ќе се одржи и кратка конференција на која диригентите и жирито ќе разменат мислења за проблемите на хорската интерпретација и диригирање.
Охридскиот хорски фестивал се одржува под покровителство на општина Охрид, Министерството за култура, Министерството за надворешни работи и фирми од приватниот сектор. На фестивалот до сега имаат учествувано околу 300 хорови од сите Европски земји, а фестивалот го ужива реномето на најголем најзначаен хорски настан во овој ден од Европа.
OhridNews
Фото: Емилио