Општина Охрид преку јавното комунално претпријатие, денеска започна со санација на депонијата Мауцкер, што ќе се реализира со средства на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Планирано е да се изврши порамнување на 16000 метри квадратни градежен шут, како и дислокација на дел од цврстиот отпад, истакна директорот на ЈП „Охридски Комуналец“ Љупчо Грданоски. Тој најави изградба на платформа каде во иднина граѓаните ќе можат да депонираат градежен шут, со што ќе се спречи појавата на нови диви депонии низ градот.

Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, истакна дека планот на локалната самоуправа е тука да се префрли ЈП „Охридски Комуналец“ и да се изгради фабрика за отпад каде ќе се одлага отпадот, а во завршна фаза е и изготвувањето на урбанистичко планска документација за стационар со што ќе се реши проблемот со бездомните кучиња во градот.

Санацијата на депонијата кај Мауцкер е почеток на решавање на проблемите со дивите депонии во градот кои ги има насекаде во општината. Целта е зачувување на животната средина и подобар изглед на градот. – истакнаа надлежните.

 

Фото галерија: