На градскиот плоштад на 11 мај во 14.00 часот започна крводарителската акција која има за цел да активира што повеќе хумани граѓани кои ќе помогнат во рушење на гинисовиот рекорд од 18.000 единици крв за 24 часа. Симултаното дарување крв во 33 земји од Европа е организирано од Меѓународниот црвен крст, а во Охрид од Општинската организација на црвениот крст.


Многу граѓани се одѕваа на повикот за дарување крв


„Започнавме навреме со акцијата и без проблеми“
вели секретарот на Црвен крст – Охрид Антонио Додевски.

„За само 40-тина минути веќе имаме 10 крводарители. Минимумот кој е зададен за Охрид е 40 единици крв, а верувам дека до утре ќе собереме барем двојно повеќе со што активно ќе придонесеме во соборување рекордот од 2004. година.

Ќе направиме мала пауза во вечерните часови кои ќе ги искористиме за малку забава, а со акцијата продолжуваме утре наутро“ додаде тој.

С. Костоски