Министерството за образование и наука започна реконструкција на кабинетите и работилниците за практична настава и обука во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид.

Заедно со локалната самоуправа ќе обезбедиме современи услови за образование на децата кои одлучиле или ќе одлучат во иднина токму во ова училиште да стекнуваат знаења и вештини, вели министерката за образование Весна Јаневска.

Во моментов, додава, Министерството за образование и наука има 30-тина активни инфраструктурни инвестиции во повеќе општини во државата, во вредност од околу 32 милиони евра.

Се градат 7 нови училишни објекти и 4 спортски сали, 20-тина училишта се реконструираат, а етапно се обновуваат и државните студентски домови, додава Jаневска.

OhridNews