Системот за електронско евидентирање и регулација на движењето на возилата во стариот дел на градот стартува со работа од денеска. На приодите кон стариот дел на градот поставени се рампи, а присутен е и вработен од ЈП „Билјанини извори“ коЈ им асистира на граѓаните при влез и излез.

Очекувано, на првиот ден најмногу проблеи и гужва се создаде на рампата на бул „Македонски Просветители“ во центарот на Охрид.

Претходно локалната самоуправа одржа две информтивни средби со жителите од стариот дел на градот, на кои беа појаснети правилата кои ќе важат за движење на возилата на месното население и туристите во овој дел од градот.

Регулирањето на движењето на моторни возила во стариот дел на градот е една од препораките на Реактивната мисија на УНЕСКО.

OhridNews