Заводот за здравствена заштина – Охрид во текот на главната туристичка сезона, која е на праг, ќе врши редовна контрола на водите во Охридското Езеро.

Покрај мостри од целото крајбрежје, ќе бидат контролирани и водите од реките кои се влеваат во Охридското Езеро. Целта на ваквите контроли во летниот период е да се избегнат шпекулациите за квалитетот на водата во езерото во главната туристичка сезона.

Резултатите од последните мерења ќе бидат соопштени на прес конференција што ќе се одржи утре.

Ohridnews