Премиерот Никола Груевски на свеченост што денеска се одржа во селото Луково го означи почетокот на градежните работи за реконструкција на регионалниот патен правец М 418 кој ги поврзува Струга и Дебар.

Првата фаза предвидува ревитализација на 24 километри од овој значаен пат за жителите на населените места кои гравитираат кон Струга и Дебар. По завршувањето на овој дел ќе продолжи реконструкцијата на останатиот дел од регионалниот пат, односно ќе биде реконструиран целиот пат, истакна премиерот Груевски.


Градежните работи што ги изведува претпријатието „Илинден“ од Струга предвидено е да траат 6 месеци, а вкупната инвестиција изнесува 3,3, милиони евра.

– Со денешниот почеток на реконструкцијата на патниот правец Струга – Дебар продолжува реализацијата  на проектот за реконструкција и рехабилитација на 11 регионални патни правци од кои на 7 веќе е почната реконструкцијата, а во наредниот период ќе отпочнат градежните активности и на останатите патишта предвидени со овој проект, истакна Груевски.


Премиерот  најави дека во наредните 7 години согласно владината програма предвидени се проекти  за изградба, реконструкција и ревитализација на голем број регионални и локални патни правци кои се од суштинско значење за економијата но и за граѓаните кои што ги користат.

Ohridnews