Ракометниот клуб Охрид започна со продажба на блок билетите за сите натпревари кои ќе ги игра на „Билјанини Извори“.
Блокот билети за регуларниот дел од Супер лигата чини 400 денари, а може да се купат на билетарата од „Билјанини Извори“ или кај лицето Гоце Спасески (075/ 202 – 333).
Со овој потег охридскиот клуб го следи чекор на македонските ракометни гиганти Вардар и Металург кои од порано воведоа сезонски билети.
Мх.П.