Контраверзната шкотска компанија Брудок започна со продажба на најјакото пиво на светот „Тактички нуклераен пингвин“ кое содржи 32 проценти алкохол. Пиварата претходно била критикувана како неодговорна бидејќи го произвела пивото „Токио“ кое содржело 18,2 проценти алкохол. Директорот на пиварата Џејмс Ват изјавил дека ограничена количина од новото пиво ќе биде продавана по 30 фунти за шише.
Директорот изјавил дека пивото треба да се консумира во разумни количини и дека истoто го подигнува поимот за пиво на многу повисоко ниво. Истото треба да се служи во ниски чаши. Џек Ло од шкотското здружение на потрошувачите овој потег го оценил како маркетиншка завера и запрашал зошто некој би произвел пиво јако колку и виски.