Започна пријавувањето на екипи за турнирот во мал фудбал „Вевчани 2015“ кој ќе се игра во спортската сала „Владо Попески“ во деновите петок, сабота и недела.
Пријавувањето на заинтересираните екипи почнува од 1 октомври, а ќе трае до 14 октомври од 20 часот кога ќе се изврши и ждребката за групите.
За учество секоја екипа треба да уплати 5 000 денари и да се пријави на телефоните : 078/839-214 и 078/696-521.
Наградниот фонд на турнирот изнесува 205 000 денари вклучено со ваучери од од Стоматолошки центар “Д-р Баткоски”.
Наградите :
I-во место – 100.000,00 денари = 85.000,00 денари + 15.000,00 денари (ваучер од Стоматолошки центар “Д-р Баткоски” ) ;
II-ро место – 60.000,00 денари = 45.000,00 денари + 15.000,00 денари (ваучер од Стоматолошки центар “Д-р Баткоски” );
III-то место – 45.000,00денари =30.000,00 денари + 15.000,00 денари (ваучер од Стоматолошки центар “Д-р Баткоски” ).
Турнирот ќе започне на 16 октомври во петок, а секоја има право да пријави максимум десет играчи.
Ohridnews