Започна пријавувањето за учество на екипите на вториот по ред турнир во мал фудбал „Вевчани Куп 2016“.
Пријавувањето трае до 27 овој месец, а турнирот започнува два дена подоцна односно на 29 октомври. Учеството по екипа чини 5 000 денари, а мечевите ќе се играат во петок, сабота и недела во спортската сала „Владо Попески“.
Организаторите и генералниот покровител стоматолошката ординација Др. Баткоски најавуваат добар и квалитетен турнир и богат награден фонд.
Телефон за контакт 078 696 521.
OhridNews