Започна пријавувањето на екипите заинтересирани за учество на 12-от традиционалени турнир во мал фудбал “Велгошти 2016”.
Пријавувањето трае до 13 јули за кога и е закажана ждребката за групите која ќе се одржи во просториите од КУД „Илинден“ во Велгошти.
Котизацијата за учество на турнирот изнесува 3 000 денари. Таа може да се уплати во банка на следнава жиро-сметка 530-0003008837-97 Охридска банка или лично кај Коста (077 85 71 71).
На ждребката за групите организираторот ќе го објави целокупниот награден фонд за 12-то издание на турнирот.
Други информации за и околу турнирот на официјалната страна на Фејсбук.
OhridNews