Млекопроизводителите од Охридско од денеска до 15 март ќе може да поднесат барања за финансиска поддршка за произведено и продадено кравјо млеко. Оваа субвенција се однесува на последните три месеци од  2009 година, а е дел од програмата за Финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој. Висината на субвенцијата е 2,5 денари за литар млеко.

Млекопроизводителите заедно со барањето, во Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Охрид, треба да ги  достават и откупни белешки,  издадени од млекарниците, за количината на откупено млеко од периодот за кој аплицираат.

Зголемување за 15 отсто на субвенциите ќе имаат земјоделците од региони со отежнати услови за производство, 10 отсто за млади земјоделци и жени носители на земјоделско стопанство, а 5 отсто поголем износ за субвенции предвидени се за регистрираните земјоделци согласно Законот за вршење на земјоделска дејност и за осигурениците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Ohridnews